Радио Милева малкумина го знаат

Со него ја доби Николија: Ова е првиот сопруг на Весна Змијанац (ФОТО)

Со него ја доби Николија: Ова е првиот сопруг на Весна Змијанац (ФОТО)

Една од најпопуларните фолк пејачки, легендарната Весна Змијанац, во текот на целата кариера важеше за големаа заводничка, а нејзиниот приватен живот  ја интригираше јавноста со години.

Со оглед на тоа што ќе продолжи по стапките на мајка и, ќерката на Весна, Николија добро ја познаваат сите, но малкумина знаат кој е и како изгледа нејзиниот татко, кој  речиси никогаш не се појавил во медиумите.

Првиот сопруг Весна Змијанац е доктор по економски науки и се вика Влада Јовановиќ, со кого таа ќе ја добие Николија во 1989 година.

По разводот од Весна, Влада повторно се оженил, а во вториот брак има уште две деца – ќерката Теодора и синот Лука.
Влада Јовановиќ никогаш не сакал јавно да се експонира, а не бил пресреќен ниту поради фактот што неговата ќерка од бракот со Весна одлучила да пее, како ќе што потврди и самата Николија.

„Татко ми е „алергичен“ на се’ што има врска со шоу-бизнисот уште од времето кога тој беше со мајка ми. Тој како доктор по науки нема да ме советува да пеам“ – ќе изјави Николија еднаш на еден естраден магазин.

Еден од ретките моменти кога јавноста имала можност да го види, е по породувањето на Николија, кога дошол во болница за да ја посети својата ќерка и види новородената внука.

To top