Радио Милева Изливи на љубов

Со мини здолниште на студот во петтиот месец од бременоста: Во вакво издание Луна Ѓогани излезе да слави годишнина со Марко (фото)

Со мини здолниште на студот во петтиот месец од бременоста: Во вакво издание Луна Ѓогани излезе да слави годишнина со Марко (фото)

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ вчера прославија две години откако се во врска. Луна влезе во 5-тиот месец од бременоста, и двајцата решија да одат на романтична вечера.

Имено, Луна најпрво објави видео од лифт на својот Инстаграм профил. И двајцата беа совршено дотерани, таа стави црвен кармин, облече црно кратко здолниште и црно палто и се упати кон ресторанот со Марко.

После тоа, таа се огласи од ресторанот и им покажа на своите следбеници што има на менито и секако уште една заедничка фотка.


“Среќна годишнина. Две години од сè и од се, и никогаш не сме посилни! Ни посакувам сето ова секоја година, едвај чекам следната годишнина кога ќе ја славиме со нашето мало девојче! Многу зборуваа, многумина се сомневаа, но мислам дека никој не знае како се чувствуваме и колку е силно. Мислам дека нештата само што доаѓаат и започнуваат. И знам дека ќе бидеш најдобриот татко на светот, и затоа со нетрпение чекам да те видам. Те сакам “, напиша Луна.

To top