Секој од нас има свои утрински ритуали. Некои гледаат што побрзо да го направат неопходното, други стануваат дури и порано за да успеат да стигнат со се’, а пак трети си тераат опуштено.
Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ е во оние третите, тој мора да има време за утринско туширање, па дури и поизирање пред огледало.
View this post on Instagram
Ама, кој си може, си може… Не за џабе рекле дека со кого си, таков си, па ако судиме по народната, тогаш на Перо покрај неговата девојка, манекенката Катарина Ивановска, позирањето му е редовно пред очи.
Поздравот за добро утро на Перо беше пред огледало, со мобилниот во рака, засема став и поза, а на него има само бел пешкир со кој ја покри интимата.
Ова е уште една прилика од која Антиќ ги покажа многуте тетоважи на торзото и рацете. Овој гол утрински поздрав беше веројатно упатен кон понежниот пол, а што се’ му стигнало во приватните пораки, најдобро знае само тој.