Пејачката Весна Вукелиќ – Венди со години го криеше од јавноста нејзиниот сопруг Бранимир Бањац, а сега се појави и негова фотографија.
Венди со децении ја шокира тамошната јавност со нејзиното слободно однесување пред камерите, но и на настапите, каде на публиката и дозволува да ја допира и да и го надополни деколтето. Пејачката повеќепати се фотографираше за списанија во провокативни изданија и беше мета на разни критики, но за таквото однесување ја има поддршката од сопругот со кој е 22 години.
Весна и Бранимир ја имаат ќерката Николета, а Вукелиќ и двајцата ги крие од очите на јавноста. Нејзиниот сопруг и таа со години уживаат во хармонична врска, а се во брак од 2021 година. Венди во јавноста нагласува дека таа и нејзиниот сопруг никогаш не се караат, туку дека имаат интелектуални битки во кои таа секогаш победува.
– Ние сме тотално различни, не мислам на тоа во смисла дека сме во „војна“, туку во смисла на разбирање. Се што ми е важно, е дека тој никогаш не ме загушувал– изјавила Венди.
Таа открила и зошто никогаш јавно не зборува за сопругот и ќерката.
– Го кријам затоа што ми е непримерно да зборувам за мојот приватен живот, дури ни за ќерка ми не зборувам. Погледнете го Чола, и тој не сака да ја експонира неговата сопругата. Интимноста не е за јавноста. Тоа е сегмент од мене кој не ѝ припаѓа на јавноста – изјавила Венди за Хаип ТВ.
Сопругот на Весна никогаш не се појавил во јавноста, па многумина се обидоа да го пронајдат неговиот лик, а на Јутјуб се појави видео и негова фотографија. Додека пак една од неговите ретки снимки е онаа од пред десет години, кога екипата на емисијата „Папарацо лов“ ги улови него и нивната ќерка.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејзбук/Тамара Џуриќ