Радио Милева лавица

Со еден потег ги воодушеви сите: На Маја Беровиќ и понудија 200 евра на настап, а таа ги одби (фото)

Со еден потег ги воодушеви сите: На Маја Беровиќ и понудија 200 евра на настап, а таа ги одби (фото)

Пејачката Маја Беровиќ ги воодушеви фановите на нејзиниот настап кога не сакаше да земе пари од едно момче.

Познато е дека пејачите „живеат од бакшиш“ кои понекогаш достигнуваат и вртоглава сума, но овој пат Маја Беровиќ покажа дека, како што вели и самата, не сака да зема пари од обожавателите.

Имено, за време на еден нејзин настап, непознато момче пријде на сцената додека таа пееше па и  подаде букет цвеќе и банкнота од 200 евра. Пејачката го зела букетот, но не ги прифатила парите.

– Не сакам пари, само цвеќе – рекла Маја што воодушеви многумина, а коментарите набрзо почнаа да се слеваат.

„За почит“, „Шмекерски потег“, „Симнувам капа“, „Секоја чест Маја“, беа само дел од коментарите. 

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Твитер

 

To top