Радио Милева на негова сметка

Со долги чорапи и штикли: Зошто Огнен Амиџиќ приреди вакво шоу (фото)

Со долги чорапи и штикли: Зошто Огнен Амиџиќ приреди вакво шоу (фото)

Водителот Огњен Амиџиќ често се шегува на своја сметка , па затоа е еден од омилени ТВ-личности.На Амиџиќ не му се непознати костимите и маските, а овојпат искрено ги насмеа обожавателите и публиката бидејќи се преправи во една од најголемите ѕвезди на овие простори Лепа Брена.

Бидејќи Брена гостуваше во неговата емисија „Амиџи шоу“, Огњен од глава до пети се маскира во пејачка, а многумина се прашуваа дали тој ќе ја води емисијата во овој костим.

Амиџиќ носеше црна тесна ролка, сребрени шорцеви, хулахопки и сандали со потпетици, а во позадина беше пуштен добро познатиот хит на Брена „Дуге ноге“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AmiG Show (@amigshow)

Се чини дека овој потег на водителот ја воодушеви и самата пејачка, која веднаш ја сподели својата објава на својот профил и со тоа го потврди и со  своето гостување во неговата емисија.

Фото: Принтскрин/ Инстгарам

To top