Радио Милева спортска елеганција

Со долга коса и маичка до папокот: Тијана Дапчевиќ никогаш поженствена и посекси (фото)

Со долга коса и маичка до папокот: Тијана Дапчевиќ никогаш поженствена и посекси (фото)

Тијана Дапчевиќ често има пракса да прави разни екперименти кога станува збор за нејзиниот изглед, па така имаме прилика да ја видиме во разни изданија.

Пејачката сме ја видела и со црна, и со розова, кратка, долга, коса, а секојпат кога ќе се појави во ново издание воодушевува.

Дапчевиќ е позната по андрогениот изглед кој е нејзин заштитен стилски печат, па затоа и фотографиите каде имала „испади“ во некое поженствено и за неа несекојдневно издание, се изненадувачки.

фото: принтскрин/инстаграм/тијана дапчевиќ

Овој пат, на последната фотографија која ја објави на Инстаграм, Тијана има долга руса коса ,  додуша станува збор за перика, широки панталони и маичка или топ до над папокот, а овој стајлинг го дополни со патики – старки.

На себе има нежна шминка, а во вакво издание, досега не сме ја виделе.

фото: принтскрин/инстаграм/тијана дапчевиќ

Оваа објава на Дапчевиќ за краток период собра над 3000 лајкови, а нејзините колеги ја опсипаа со позитивни коментари.

Како ви се допаѓа Тијана во вакво издание?

To top