Откако во медиумите прострои информацијата дека завршил две ипол деценискиот брак на музичката двојка Анета и Џими Мицевски, за нив особено за Анета, редовно осамнуваат наслови во домашните медиуми.
Познатата пејачка не гледаше причина да се повлече од јавните гласила, туку напротив го кажа своето и си продолжи понатаму. Повод и причина за нешто ново околу нејзиното сценско појавување се почесто има, а поттик за истото знае да даде и самата. Една од тие причини е нејзината модна преобразба.
Велат дека жените сакаат да сменат нешто во изгледот кога им се случила промена, а за познатата фолкерка тоа беше повод за нешто повеќе од промена – преобразба.
Анета секогаш преферирала модна умереност, а сега е на пат кон редовно следење на актуелните трендови.
Неодамна се презентираше во едно бунтовничко рокерско издание што претходно не било случај, а очигледно овој „ин“ фазон кој моментално царува од тенденциите во светот на модата и се актуелизира од инфлуенсерките и блогерките, веќе е во понудата на бутиците, а со тоа и во изборот на Анета.
Никогаш претходно не била поактивна на Инстаграм, а сега секое ново стилско издание преферира да го покаже пред своите следбеници.
Нова фризура, постојано нов стајлинг, самоуверен став и насмека се сосема доволни за совршениот печат кој таа го замислила.
А кога веќе се следат актуелностите, мора да им парира и на колешките за кои на сцена и пред камери е незамисливо да се појават барем со умерена доза на провокација.
За Ането изборот за снимање падна на минич фустан, затворен до грло, но со акцент на разголените нозе.
Комплиментите неизбежно ги доби преклу коментари, а вака или така, очигледно отсекогаш им се допаѓала на другите независно од својот брачен статус и моден израз за кој сега само добива на дополнително допаѓање.
фото: Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701