Пејачката Лепа Брена се вклучи во живо во емисијата „Утро“ каде што водителка е Јована Јоксимовиќ.
Меѓутоа, Јована и пушти на Брена една снимка од Италија каде што луѓето од своите тераси ја пеат нејзината песна „Коловоџа“.
„Ова не е во Србија, само да знаеш“ додава Јована.
„Не, знам. И јас ја добив таа снимка“ изјави Брена на која очите и беа полни со солзи.
„Морам да признам дека во овој момент се чувствувам многу чувствително, мајчински…Не знам, сфатите како сакате. Никогаш порано целиот свет не се најде на колена, во ваква ситуација. Често плачам. Господе мој, каде баш сега да заплачам, среде емисија“ вели Брена.
Јоксимовиќ ја замоли да не плаче бидејќи и таа би можела да се расплаче.
„Јас често добивам разни видеа кои може да ме расплачат. Немој да бидеш тажна“ порача водителката. Снимката од Италија погледнете ја тука