Фондот за иновации и технолошки развој е државна институција која последниве години со власта на СДСМ/ДУИ емедиумите ја опишуваа како постојан извор на финансиски скандали и во јавноста перцепирана како извор за нелегално финансисрање на партиска пропаганда и партиски активисти.
Македонската пилатес инструкторка и ТВ водителка Снеже Велков, пак јавноста ја доживува како „жена за сто работи“, која покрај здравата физичка активност и едукацијата на таа тема, со своето последно ТВ шоу „Нешто конкретно“ ги помеси границите на телевизиската перцепција за тоа како треба да изгледа една ТВ емисија. Своевидно ток шоу со неколку гости, сите познати и признати личности од различни бранши, а сите ставени во разни приватни и професионални животни ситуации, за кои секој од нив има свои размислувања и одговори.
Она што споменатата институција и ТВ водителката ги спои е нејзиниот последен пост на Инстаграм приказните, каде русокосата ги потсетува оние од фондот дека на овој народ или неа лично, сеедно не и недостасуваат „луди“ идеи.
До душа ниту на фондот не му фалеа „генијалци“ кои „лудите идеи“ умеат „да ги препознаат“ и дебело да ги платат, па ако до сега може да плаќаат за рецепти за пица, фризерски салони кои вршат стручна едукација, тренинзи на магариња… може и за „дождлива ѓубретарина“?!
Идејата што Снеже Велков ја предлага одлично би легнала во пролетно-есенските дождливи денови, а може и на зима, кога паѓа снег, па дури и за на лето идејата „држи вода“, зашто може да држи и сенка…
Имено, поклопецот на секој контејнер потпрен со чадор за да не ти накисне главата и расипе фризурата додека ја фрлаш ќесата со ѓубре! Се разбира чадорот не се отвора, туку само главата се поднаведнува под капакот кој служи како стреа… Е, сеа, за „колатералната штетата“ од вдишената смрдеа и реа… Препорака на Фондот и изумителот е од дома да си понесете штипка за носот или евентуално заштитна маска од оние што ви останале од ковид пандемијата за да ја ставите на лице, при обавувањето на „церемонијата“!
Ало, Фонд за иновации, дали се слушаме?
Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze