Македонската ТВ водителка Снеже Велков постојано покажува разни финти на социјалните мрежи, конкретно за здраво тело и здрав дух, па вежбањето и одржувањето на баланс во исхраната се нејзиното секојдневие со цел да ги мотивира и другите да се чувствуваат така одлично и полни со енергија.
Овој пат меѓу многуте здрави навики и постапки Снеже која денес е автор на емисијата „Нешто конкретно“ преку своите дела издови и објасни што е култура и културно однесување.
Нешто што сите не засега и кое сите го бараме кај другите но, се почесто го нема. Надвор од нашата домашна и сигурна средина почнува да владее едно непишаното правило, па некултурниот заедно со иронијата и агресијата да добива, а културниот да се повлече оти насилникот ќе ги повика насилниците и некултурните да решат сѐ на нивен начин.
Можеби повеќето сме се откажале да ја бараме правдата и културата затоа што во последно време како да има забрана да се спроведе па, некултурата и те како почна да доминира.
Токму затоа Снеже Велков сакаше да не потсети на „здраво“ и културно однесување кое веќе е од „редок сој“ и во исчезнување.
Имено, водителката во „Нешто конктетно“ реши да се опушти и со нозете на маса праша дали е тоа некултура или култура? Логично прашање, бидејќи возот веќе одамна е надвор од пругите…
За повеќето нормално и културно, зошто да не…. слободно изразување на чувствата, нозете на масата нема да му наштетат на никого… или пак има нешто посуштинско од само да наштети.
Затоа, повторно сите ја свртеа на шега и чевлите на Снеже си добија потпис „десна“ и лева.
А за тоа што е култура веќе нема дилема, ја има, постои и живее во книгите за културно однесување… Во пракса кај нас… изгледа малку потешко!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Нешто конкретно