Радио Милева
Оти така и текна...

Снеже Велков се фати за секирата, па бргу сфати кај кого е силата: Женските мускули, по женски памет (ФОТО) 

Снеже Велков се фати за секирата, па бргу сфати кај кого е силата:  Женските мускули, по женски памет (ФОТО) 

Македонската ТВ водителка Снеже Велков секојдневно вежба,  се храни здраво, постојано го јача телото… Pокажува јавно разни финти што ги практикува на социјалните мрежи, но овој пат таа решила и  практично да го проба нејзиното тело за да го покаже резултатот од вежбањето.

Снеже реши „да покаже мускули“, па да го види исходот од вежбањето и од секојдневно вложениот напор дали е ефикасен и  дава ли резултати? Иако водителката потајно веруваше дека мажите се  физички поспремни, сепак се облече во сини тренерки и ја зеде секирата.

„Ти си ќерко татин син“ – гласно кажа Снеже па тргна да цепи дрва, за да се стопли во студената зима, веројатно во старата куќа во роднота Каменица. Но, некако цепењето не и тргна баш најдобро, па, мудрата водителка веднаш најде решение и сфати во што е штосот.  Таа вешто откри каде лежи зајакот, па следниот пат ќе знае каде да ја побара, од каде да ја црпи силата.

„Во сукњата е силата, значи следен пат сукња да облечам“ – го напиша таа умниот одговор… Или само изговор ќе да беше?

Таа неодамна сними и видео каде повторно го тестираше своето тело во „грч студена“ вода да провери колку е издржливо и какви сѐ резултати дава вежбањето.

Храбрата водителка  за време на Бадник се фрли во мраз ладната вода и за прв пат успеа да се искапе среде зима. Оти… така и текна!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Блесаво
Будалесто
Боже,Боже..
Бегај ма!
Болест жива!
Бог да чува!
Браво!
Блазеси ти!
Блескај си!
Брррр..
Прв пат во животот се бањав во зима😀
Оти? Така ми текна“ – напиша во објавата.

Или  ова зимско капење не беше туку така случајно, зашто Снеже можеби се подготвува да се фрла  по крстот на претстојниот христијански празник „Водици“?

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков

Останати вести од Радио Милева