И да врне и да вее и бура да коси… И лете и зиме и делници и празници на Снеже Велков денот не и почнува без утрински вежби. Тоа е барем оддамна познато. И кога професионално се занимаваше само со пилатес и сега кога тоа го прави само за себе, за рекреативни цели.
Во здраво тело – здрав дух, ама за тоа да биде така, потребна е и здрава исхрана. Познато е оддамна дека Снеже е „скарана со месото“ и сето останато што потекнува од животинско поекло, па исхраната и се сведува исклучиво на плодови и билки. Да си веган не е лесно, особено не кога ќе дојдеш во ситуација да паднеш во искушение.
Впрочем, така е со сите нас, кога ќе поминеме пред излог на слаткарница, сендвичара, кафеана… Па дури и не само кога е во прашања само храната, што најдобро знаат жените кога ќе поминат пред излог на продавница за чевли или некој ексклузивен бутик.
За подобро да ги појасни нештата, Снеже Велков се пошегува на своја сметка, откако некој се обидел претходно да се пошегува на нејзина.
„Дали и веганите се оближуваат пред цвеќарница како јас пред ќебапчилница“? – шеговито прашал некој на социјалните мрежи.
Водителката на „Нешто конкретно“ се нашла погодена или се препознала себе си во прашањето, па решила да му ја дополни и „збогати“ мислата на шегобијецот:
„И пред расадници, исто“ – додала Велков, збогатувајќи ја шегата со емотикони кои „плачат од смеење“.
Наравоучение: Не и купувајте букети на водителката… Заради “цветниот апетит“. Евентуално може… некој кактус!
Фото: Инстаграм/velkovsneze