Македонската ТВ водителка Снеже Велков колку и да вежба, нејзина здрава навика и секојдневна рутина која никако не ја запоставува е нејзиниот велосипед кој и е при рака во секое време, особено за добро утро.
Неколку километри на патеката по кејот на Вардар низ Скопје рано наутро, за опуштање на мускулите, раздвижување, подобра циркулација, кондиција, топ форма… Арно ама, секое непишано правило има и свој непишан исклучок, па така на „девојката со точакот“ овој пат и се случи да остане без утринска тура со точакот…
Затоа пак русокосата екс пилатес инструкторка, а сега одново ТВ водителка вежбањето по дома никако не го пропушти. Гумената подлога распослана на подот, шишето со вода покрај неа, соодветно музиче од телефонот и шпага за почетно разгибување…
Арно ама, само што ги испружи долгите нозе од крај до крај, почнаа да пристигаат и пораките на мобилниот.
„Снеже кај ти е точакот, па кај ти е точакот“? Сиротата, не ја оставија на раат да повежба! За да им удоволи на љубопитните, а и веројатно да ги симне од глава да не и додеваат додека ужива во утринската рутина, водителката во еден кадар со два збора реши да им одговори.
„Еве го точакот, на чорапите“ – споделила синооката убавица, покажувајќи ги апликациите со велосипед со кои се украсени нејзините летни, тегет спортски чорапчиња за вежбање.
Арно ама, оние најљубопитните, решиле да одат до крај, за да разоткријат уште една дилема за добро утро. Имено, многумина ги интересираше уште една работа, која некако им се видела многу логична. Ако Снеже Велков носи чорапчиња со апликации со точачиња, зашто омилено превозно средство и е велосипедот, тогаш што е со автомобилот? Дали можеби апликациите со автомобилчиња по логика на нештата се „паркирани“ на облеката под хеланките на водителката?
На таа дилема околу „автомобилот и паркирањето“, за да не ги шокира со изненадувањето, водителката возврати со друг тип фотографија, оставајќи им го одговорот на љубопитните… на нивната бујна фантазија!
Фото: Инстаграм/velkovsneze