Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ уште еднаш ја поддржа својата колешка Снежана Ѓуришиќ и го кажа своето мислење за аферата „поткуп“ која ја потресе јавноста, особено „Гранд продукција“.
Екипата на емисијата „Ексклузив“ го придружувала настапот на Цеца Ражнатовиќ во Јахорина и најпрвин поразговарале со неа за нејзините секојдневни животни навики, а потоа, она што е најинтересно е што Цеца ги прокоментирала и обвинувањата за нејзината долгогодишна колешка Снежана Ѓуришиќ. Имено, за време на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Снежана беше обвинета од учесникот Душан Вукадиновиќ и неговата мајка Ната дека му барале пари за опстанок на натпреварот. Како што наведуваат, не се согласиле со тоа, па објавија се во медиумите.
Цеца со својата изјава јасно застана зад колешката и и даде целосна поддршка во овој турбулентен период од кариерата.
– Мора да се зборува со почит, да се почитува работата и успехот. Чудно е во денешно време, сите мислат дека се од Бога дадени. Не е лесно да се создаде голема кариера, уште потешко е да се преживее и да се зачува голема кариера. Кога е Снежа во прашање, ја знам 36 години, колку што сум на естрадата, ми беше жал како човек, не заслужува да и се лепат грди етикети. – додала Цеца и со ова го завршила нејзиното излагање.
фото: Принтскрин/А. Јовановиќ Циле