Радио Милева ем здраво, ем чисто

Снеже Велков со „нешто конкретно“ покажа како успева истовремено да спои убаво и корисно: Две во едно, а можеа да бидат и три… ама за третото фалеше уште некој! (ФОТО)

Снеже Велков со „нешто конкретно“ покажа како успева истовремено да спои убаво и корисно: Две во едно, а можеа да бидат и три… ама за третото фалеше уште некој! (ФОТО)

Викенд, ден недела… Штом дојде сите различно ја користат. Едни за одмор, спорт и рекреација или прошетка во природа, други за дневна градска кафе шема или вечерно излегување, трети за средување на мислите, психата и физички одмор по дома, а има и такви кои неделата ја користат за средување на домот, чистење, усисување, бришење прашина, средување шкафови… Мини генералка што би рекле!

Арно ама, како што рекол народот: „Две лубеници под иста мишка не се носат “ или во превод: Две различни работи не можат да се прават истовремено, па затоа многумина се принудени да бираат. Или чистење по дома или рекреација? Повеќето – да, ама не и таа… Снеже Велков! Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка оддмна покажаа дека е снаодлива девојка односно вешта жена, па така и овој пат успеа да покаже како се работат две работи во една смена. Или поточно, со „нешто конкретно“ покажа како  истовремено успева да спои убаво и корисно!

Имено, русокосата убавица, добро знае дека и во недела мора да се прошета и рекреира, ама мора и да се чисти по дома. Времето толку е – колку е, па досетливата Снеже најде начин како да изведе две нешта со еден потег. Две работи истовремено со една активност: пилатес и домашна хигиена  со само една вежба. Поточно две различни работи во кои покрај телото и крпата мора да работи!

Најпрвин крпата на двете испружени нозе, рацете потпрени на подот и… испружи се собери се, испружи ги собери ги… Исто како кога само вежбаш… Исто е, ама не е исто. Ова е ем здраво, ем чисто!

Потоа следуваат варијации на тема… Крпата само на едната, па само на другата нога, па под едната, другата или под двете раце..

И малку по малку рекреативниот циклус завршен, а патосот гланцнат, светнат, совршен!

Ем телото здраво и стегнато како на спортист, ем домот чист. А и позите што при тоа се прават, мошне предизвикувачки и примамливи… Па освен крпата да работи и нешто друго, за задоволство плус!

Како и да е, Снеже Велков спои две во едно, а можеа да бидат и три…  Ама за третото фалеше уште нечие присуство… За „нешто конкретно“! И задоволството да биде ептен комплетно!

Фото: Инстаграм принтскрин/nestokonkretno1

 

 

To top