Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков имаше возбудлива вечер. Не, не баш бурна, онака како што некои веднаш си помислија, ама сепак доволно возбудлива и непредвидлива, што за малку ќе ја попишманеше да престане да го прави она што најмногу го сака – вежбањето! А еве и зошто.
Имено, таа најпрвин му се ираздува на првиот годинешен снег во престолнината, па реши да малку да прошета по маалските сокаци…
„Снег е повторно Снежана“ – како во песната или „Снеже на снеже“ – како што напишала во постот што самата го споделила синооката водителка од вечерната, јануарска, снежна прошетка.
И кога „детската радост“ ќе ти мине, а од прошетката ќе потрошиш калории и ќе огладнеш, ете си назад дома, на топло чајче и некое залче… за „лајт“ вечера. А има ли подобро залче од лепче и ајварче кое ептен лизга со топлото чајче. И се’ би било како подмачкано, само да можеше ајварчето веднаш да биде намачкано, арно ама на Снеже и илезе проблем.
Русокосата убавица сама дома, нема машка рака да потфати, зашто теглата со ајварчето никако да се отвори. Бре труди се да ја отвори, да го одврти капачето, ама тоа пустото како залиено, како да е заварено за тегличето, па никако да се отвори. Врти сучи, никако да попушти…
„Дајте бе навежбан човек да ми отвори теглата во само еден потег“ – се пожали Снеже, ама навежбан кај неа дома нема, освена – неа!
Кога сфати дека не е до вежбањето, на остроумната убавица и текна да се послужи со лажица. Лажичето како помагало под капачето, колку притисокот да попушти, а воздухот да излезе и оп… тегличето се отвори! Жива среќна и насмеана што нема да остане гладна, ама и видно разочарана во својата досегашна пилатес пасија, домаќинката Снежа(на) реши од утре да смени дисциплина!
Ем остроумна, ем баеги умна, Снеже брзо сконта: „Џабе е вежбањето, од утре ќе почнам да плетам“!
Пред да се прешалта на новото хоби, со плетено капче на главата, белким за урнек, следното утро Снеже и се врати на старата љубов вежбањето, ама со извлечена поука:
„Откако ми пишавте дека за отварање тегла не требаат мускули туку техника, се прфрлив на вежбање задник… Ќе се најде!“ – сподели Снеже.
Е сега, за што тоа ќе и се најде, што ли ќе отвора со него – прашаа едни, каква ли тоа техника ќе применува и дали и тоа јавно ќе го споделува – се интересираа други, а Снеже за да им ја скрати љубопитноста го сподели одговорот. За што меѓудругото може да и се најде, ако добро го извежба задникот. И неа, и на многу други:
„Улиците се замрзнати… Паѓањето на г’з , секогаш е опција“! – додала пилатес инструкторката во пораката!
Или народски кажано: „За добро газе, никогаш нема лоши последици… Дури и на ‘лизгав’ терен!“
Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze