Радио Милева (не) мисли и збогати се...

Снеже Велков има рецепт за патот до успехот: „Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш“!!? (ФОТО)

Снеже Велков има рецепт за патот до успехот: „Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш“!!?  (ФОТО)

Сите убави, (а Бога ми и неубави) нешта прво се случуваат во мислите. Вашите или туѓи, во зависност што замислувате, што посакувате, кон што се стремите, што целите… Или кому што му мислите и тој вам! Пото стапува не сцена реализацијата, акцијата, валоризацијата, материјализацијата…

Како и да е, старата опортуна теорија на спротивности за тоа на што почива светот и животот, на идејата или материјата, се’ уште е во постојана борба помеѓу идеалистите и материјалистите. И додека едните мечтаат, сонуваат, мислат, си замислуваат, измислуваат… другите, нивните идеи ги материјализираат. И тоа легално… или илегално, сеедно, важно е дека ретко кој има и „умна глава и полни џебови“ во исто време, а при тоа да не позајмил, украл, ископирал, измамил… туку се’ сам да смислил и комплетно реализирал!

Но нејсе, како да дојдете до иделаната формула за успех многумина размислувале и книгуи пишувале, а за една од нив се фати и нашата позната ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

„Мисли и збогати се“ се вика четивото што и го привлекло вниманието и ја залепило за неговите страници… Случајно или со предумисла, згодната Снежа ја грабнала книгата в раце и не се двои од неа додека не ја простудира.

„Сите убави нешта прво се случуваат во мислите. Напишана е од Наполеон Хил во 1937 година и уште важи како пучно четиво за луѓе кои имаат намера да успеат и да не звршат во масата на просечни вработени. Мисли и збогати се” е впрочем управување со своите мисли преку методи, преку приципи преку себеспознавање со единствена цел да ги надминете пречките кои викаат дека тоа што сте го замислиле е невозможно и да стигнете до посакуваната цел…“ – е поентата на четивото „на среќата“, кое живо ја заинтересира Снеже Велков.

„Низа инспиративни приказни за луѓе кои успеале а припаѓале на просечните луѓе, инспративни мисли и насоки дека шансата не доаѓа секогаш завиткана во убава хартија, туку некогаш е сосема спротивното, некогаш шансата доаѓа како проблем…. И фактот дека сите генијални идеи на почетокот изгледаат како комплетна лудост“ – пишува Снеже раскажувајќи ја целта и поентата на книгата.

Арно ама, едно е на хартија, друго е во пракса… Едно е напишано во книга, друго не учи животот… Особено што секаде не важат подеднакво истите правила, колку и да се универзални. Зашто на толку проблеми, ако истите биле скриени шанси, да беше така како што пишува, до сега ќе бевме Швајцарија на Балканот! Патем, генијалци и генијални идеи овде отсекогаш имало… Впрочем и Тесла и Пупин имаат македонска жица, македонски корени во потеклото… Ама за жал нам до ден денес ни останала само лудоста.

Затоа  поентите и принципите од книгата кои Снеже Велков ја фасцинирле, овде или многу малку важат или воопшто не важат. Како на пример, оние од типот:

  1. Ако сакаш да успееш, мора точно да знаеш што сакаш!
  2.  Формалното образовиени не учи на се’, освен на тоа како да го примениме и да направиме пари…
  3. Погрешно е дека знаењето е моќ… Знаењето без конкретна примена кон конкретна цел, не значи ништо.

 

Овде многу повеќе важат принципите и поентите или поточно уренебесните мудрости од култниот стрип Алан Форд и неговите легендарни ликови:

  1. Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш!
  2. Кој ќе ја изгуби добивката, тој ќе ја добие загубата!
  3. Еден за сите – СЕ’ за еден!
  4.  Подобро да живееш 100 години како милионер, отколку еден месец во беда. 
  5. Ние ништо не ветуваме… А тоа и го исполнуваме (Партија на вистината).
  6. Подобро жива кукавица, отколку мртов херој…      

И уште цела низа други „мудрости“… Но, тоа не значи дека не треба да читате книги… Па макар и онаа што убавата водителка Снеже Велков ја воодушевила и од се’ срце ви ја препорачува. Впрочем, добро е да прочиташ, а уште подобро е да издадеш книга, отколку да издадеш пријател, сопствениот народ или татковината, што, како што ви е веќе познато, овде не е редок случај!

Најважната поента во книгата што ви ја препорачува  Велков вели: „Мислата е таа која ќе те насочи каде сакаш да одиш, а акцијата ќе те однесе до целта“.

Колку умеат да мислат они е што не водат, видовме од нивната „акција“… До душа тие си ја постигнаа целта, а нас не (не) одведоа… до никаде! А, кој ни е виновен, кога не „ги прочитавме“ на време!

 

 

 

Затоа, читајте… Книги или стрипови, сеедно, важно е да се чита и од прочитаното четиво да се извлечат најважните поенти и поуки. Тоа сакаше убавата водителка Снеже Велков да ви го каже.

Ние за крај, ќе ви кажеме уште една поента од легендарниот стрип:

„Купете и цвеќе на саканата жена… патем, не заборавајте ја и сопствената“!

Не знаеме само дали и министерот Венко Филипче читал Алан Форд?

 

 

 

 

 

 

To top