Снеже Велков по повод Светскиот ден на луѓето кои не консумираат производи од животинско потекло им го честиташе „Денот на веганите“ кој пред 28 години, поточно 1994 година, за прв пат почна да се слави.
Веганството е голема промена на животниот стил што не е за секого. Додека нашата ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже лесно се придржува до тоа некои веруваат дека оваа диета не носи придобивки. Сепак, оние кои се придржуваат до овој начин на исхрана тврдат дека имаат повеќе енергија, подобро спијат и дека веганството позитивно влијае на нивното ментално здравје.
Некои решиле да станат вегани поради љубовта кон животните, а има и такви кои не сакаат месо или поради здравствени причини немаат месо во исхраната, па Снеже со мудри мисли напиша дека ги подржува и едните и другите:
„Оти од очи не се чита што јадеме..
Оти не има секакви
И месојадни и вегани и вегетаријанци и тие што млеко не пијат има такви и што риба не јадат мнозинството не јадат боранија ниту грашок а знам такви што не јадат патлиџан.Има и од тие кои не јадат сирење едни пак не сакаат жолчка од јајце, а познавам и такви што леќа не можат да смислат.И знаете што? Меѓу сите погорни има супер луѓе, а има и луѓе што се хранат со квалитетна храна, ама освен тоа,немаат ништо друго квалитетно во себе…
Има едни па само брза храна јадат, ама исто толку брзо се подготвени да ти помогнат или излезат во пресрет.
Има едни што ќебапи јадат и на кромид подзамирисуваат, ама па најдобри вицови и шеги кажуваат.
А едни пак, само чисто месо јадат и само органски производи консумираат ама лажираат, провоцираат, завидуваат и сопнуваат..
За тоа не сакам поделби не сакам предрасуди наметнувања или потенцирања…
Важно е што јадеш.
Важно е како јадеш.
Важно е колку јадеш.
Важно е кога јадеш.
Ама уште поважно e да не се јадеш себе си и да не му ја јадеш душичката на некој друг.
А најважно од сè не е тоа што внесуваш, туку што од уста изнесуваш.
Оти може мед секој ден да јадеш, ама од уста отров да плукаш“.
Откако водителката се фотографираше со сукалото во раце, Снеже покажа дека не е само домаќинка во кујната, туку пред некој ден таа се претстави и како вешт(а) хаусмајстор(ка) со бормашината.
Впрочем, што и да фати в раце, од сукало до бургија, Снеже Велков е „вешта жена“, која спроведе анкета кај нејзините следбеници, па ги праша: „Kоја жена е понезгодна“?
За што подоцна се изненади, се покаја и разочара…. „Бормашината ништо, сукалото си е сукало!“ Впрочем, отсекогаш кај жените – домаќинки така и било!
Затоа спроведе втора анкета, но сега го преформулира прашањето, како ако не во: „Која жена е позгодна“?
Останува да видиме дали втората анкета ќе даде нови резултати или жената е згодна само со сукалото, а бормашината…? Препуштете му ја на посилниот пол во фамилијата… Или на комшијата?! Во зависност од тоа, кој подобро умее да „буши“!?
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков