Радио Милева убава и(ли) средена?

Снеже Велков е дефинитивно убава жена, само… според сопствениот критериум или старото добро машко „свето тројство“? (ФОТО)

Снеже Велков е дефинитивно убава жена, само… според сопствениот критериум или старото добро машко „свето тројство“? (ФОТО)

Македонската ТВ водителка и најпозната пилатес инструкторка Снеже Велков секогаш има „Нешто конкретно“ да (ви) каже… Или во својата истоимена ТВ емисија  во која на гостите им ја открива онаа другата, животната страна, или на социјалните мрежи каде покрај сето останато што го покажува, секогаш споделува и по некоја од мудрите мисли!

„Жена“… ќе рече некој. Е да, ама и покрај тезата која владее кај мажите, особено кај балканските, дека „сите жени се исти…“ – знаете веќе што, очигледно и не е баш така. Токму Снеже Велков е пример дека има жени и жени… И вакви и такви и онакви… Секакви!

Русокосата убавица на екраните е секогаш дотерана, стокмена, стегната, средена… изгледа врвно. Дури и многу помлада за годините, атрактивна, привлечна, секси, а при тоа делува дека е ем заводлива, ем на доволна дистанца, духовита, а сепак одмерена, шармантна и интилигентна… И така цело време некако „ем ваква, ем таква“…

Можеби токму затоа и самата во една од последните свои објави на Инстаграм, обзнани дека ја прашале: „Која жена според тебе е убава?“ , а таа одговара:

„Реков: Онаа која во секој момент знае што да каже да биде одмерена во изјавите, културна во провокациите, нежна со децата, строга со соработниците.

Онаа до која ќе застанете и ќе ви биде убаво оти енергијата и е убава.

Онаа со загонетна насмевка и очи кои се смеат од задоволство.

Онаа со став кој кажува дека не е лесно освојлива.

Е таа жена е убава…

Уф, Ми рекоа: Мислевме на изгледот.

Реков: Сте помешале средена жена и убава жена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Одоговорот опсежен и темелен, ама одново остава простор за дилема: „Дали тоа во него водителката се опиша себе си или…? Или колку и да не ги меша двете работи, Снеже Велков е сепак „микс од двете“: И убава и средена…  Вклучувајќи ги сите претходно наведени параметри што една таква жена според неа, треба да ги поседува.

Иако кај голем дел од мажите се’ уште како критириум важи  старото добро машко „свето тројство“: Госпоѓа на улица, домаќинка во кујната,  „старлета“ во спалната…! Па која како се препознава… Дека е „убава“?!

Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze

 

 

To top