Во денешно време се повеќе припаднички на понежниот пол сакаат да имаат зголемени или народски кажано „напумпани“ усни со филери, силикон или што и да е од модерната естетска козметика.
Иако за овој тренд има се повеќе негативни коментари како тоа изгледа вештачи и лошо за око, сепак, оние што тоа го наумиле, тешко кој може да ги разубеди, па дури и со негативна критика.
ТВ водителкта и фитнес инструкторака, Снеже Велков, иако е посветена на емисијата „Вип на еден ден“, каде промената на физичкиот изглед на учесниците е приоритет, Снеже барем засега е задоволна од својот изглед и не подлегнала на третман или зафат за промена на својот личен опис.
Но по некое непишано правило, некогаш она што не го посакауваш, баш тебе ќе те снајде.
Снеже иако не сака „напумпани“ усни, тоа го доби без пари и на болен начин. Имено, таа објави фотографија на која нејзината горна усна е значително поголема, па на прв поглед ќе помислите дека и Снеже не му одолеала на трендот.
Сепак, станува збор за херпес кој така ја „нападнал“ водителката што изгледа токму како да ги коригирала во усни на модерното време.
-Кога животот ти дава херпеси ти глуми дека си ставила силикони на усните, пишува Снеже во описот на фотографијата.
Снеже си ги доби „напумпаните“ усни за без пари кои сме сигурни дека сака што побрзо да заминат во заборав и да останат само како еден непријатен спомен на фотографија.