Радио Милева добра замена?

Снежана Ѓуришиќ откри како се однесувала Цеца на првото снимање на „Ѕвездите на Гранд“

Снежана Ѓуришиќ откри како се однесувала Цеца на првото снимање на „Ѕвездите на Гранд“

Неодамна стартуваа снимањата на новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Како бомба одекна веста кога Цеца Ражнатовиќ е новиот член на музичкото шоу и тоа наместо Јелена Карлеуша.

Пред некој ден се снимаше и првата емисија од новата сезона, а сега Снежана Ѓуришиќ ги откри и првите впечатоци, но и како се однесувала Цеца.

„Одлично, па не може со Цеца да имаме проблеми. Таа има искуство, па не ништо не беше спорно“, вели пејачката.

Таа додава дека и недостигале колегите.

„Одлично помина првото снимање. Кога и да се вратам од одмор, ми недостига се ова, луѓето, целата енергија и атмосфера. Навикнавме едни на други“, вели Снежана.

Инаку, Јелена истакна дека ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи сака да се посвети на снимање и промоција на нејзиниот нов албум.

фото: Митар Митровиќ/рас србија

To top