Иако Снежана Ѓуришиќ и Саша Поповиќ, како продукциско жири во „Ѕвездите на Гранд“, ги избраа и кандидатите што ги подготвуваа за следните рунди на ова шоу за музички таленти во претходната сезона на „Sвезитеа на Гранд“, оваа година е поинаку.
Беше решено двајцата повеќе да не се занимаваат со тоа, и дека улогата во секое издание му припаѓа на гостинот во жирито.
По тој повод, Снежана откри која ќе биде нејзината улога во шоуто.
– Ќе работам како музички уредник и како член на продукциското жири. Јас сум тука да им помогнам и на директорот и на кандидатите – рече таа, но како што појаснува, нема да дава оценки.