Сопругата на братот на Новак, Сашка Веселинов Ѓоковиќ се породи на 22 март 2023 година и го роди синот Александар. Недолго по породувањето, Сашка почнала да вежба и да се храни здраво за да си ја врати старата килажа. Дека трудот и волјата вродија со плод потврдуваат и најновите фотографии од снаата на Ноле, на кои таа изгледа прекрасно.
Имено, Сашка и членовите на нејзиниот тим отпатувале со приватен авион во Црна Гора со цел да фотографираат нова кампања за нејзиниот бренд „Саш“. Тие веднаш се сместиле на луксузна јахта, каде снаата на Ѓоковиќ ги покажала новите модели како и нејзиното извајано тело.
Таа се сликаше во црно-бело бикини и имаше голема сламена капа на главата. По ова таа ги собра сите позитивни коментари на социјалните мрежи, па следбениците и порачаа дека изгледа сјајно и дека е вистинска риба.
„Изгледаш одлично“, „Секоја чест за брзо враќање на линијата“, „Риба и пол“, гласат дел од коментарите.
Да потсетиме, Сашка се породи на крајот на март и го роди синот Александар, а породувањето помина без проблеми.
Фото: Принтскрин/Инстаграм