Радио Милева

Снаата на Цеца во поодмината бременост: Идната баба горда, а тато Вељко насмеан од уво до уво (фото)

Снаата на Цеца во поодмината бременост: Идната баба горда, а тато Вељко насмеан од уво до уво (фото)

Цеца Ражнатовиќ наскоро ќе стане баба и ќе го добие првото внуче, а нејзиниот син Вељко и снаата Богдана ќе станат родители на машко бебе.

Фолк sвездата е во изолација во нејзината вила на Дедиње и како што пишуваат некои српски медиуми, таа е толку претпазлива што дури не дозволува ниту нејзината сестра Лидија да се приближува.

Анастасија е со своето момче во Нови Сад, Вељко и Богдана се во Тител, со родителите на Богдана.

Идните родители едвај ја чекаат приновата, а Цеца сега објави фотографија на која се гледа нараснатиот стомак на снаата.

фото:цеца ражнатовиќ/инстаграм

„Растеме“, напишала пејачката, а на сликата, која очигледно потекнува од дворот во Тител, е испратена до Цеца, Вељко е среќен и насмеан и го гушка стомакот на сопругата.

Цеца, исто така, стави неколку црвени срца во описот, и таа со нетрпение чека да стане баба.

Како што е познато, наследникот ќе го носи името Жељко, по неговиот починат дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан. Богдана треба да се породи на почетокот на јуни, нешто пред роденденот на Цеца.

To top