Водителот на реалното шоу „Задруга“ Милан Милошевиќ објави дека секој ден примал заканувачки пораки, кои редовно ги пријавува во полиција, но досега никој кривично не е гонет.
Ова трае веќе подолго време, со зголемен интензитет на заканите во последниве недели насочени дури и до мајката на водителот.
„Ова што го преживувам е нешто што мора итно да се осуди и на ваквите одвратни закани веќе да им се стави крај!
Ме навредуваат по сите основи, но верувајте ми, ситните повици не ме допираат сè додека некој не започне отворено да се заканува и на мене и на мојата болна мајка! Тие ја колнат и псујат мојата мајка, а јас останувам смирен на ваквите пцовки затоа што тоа зборува за немоќта на луѓето кои своите комплекси ги лечат на тастатура.
Но, кога ќе речат дека ќе ја убијат мајка ми која е во инвалидска количка, дека и посакауваат смрт како и на мене, кога ја навредуваат и понижуваат, не можам да останам имун! Пријавувам сè на одделот за високо-технолошки криминал и верувам дека постои начин да се открие и спречи тоа. Како што сите веќе знаат, минатата година на мајка ми и се закануваа со убиство, наведувајќи дека го знаат дури и бројот на собата во одделот на болницата каде што таа беше сместена во тоа време“ – ни рече Милошевиќ.
Лицата кои му се закануваат на водителот, исто така, успеале да откријат и каде живее, што е секако уште еден аларм на кој надлежните мора итно да реагираат.
„Повеќе не можам да ги толерирам клетвите од типот: да се распаднеме од рак и јас и моето семејство, дека ќе ме набијат на колец, дека тие знаат каде живеам, едноставно не можам и не сакам да живеам вака понатаму. Играта во која учествуваат непознати луѓе се претвори во пекол, во кој не измачуваат фанатици, иако ние немаме никаква врска со ништо.
Она што неговата колешка, Душица Јаковлевиќ, го доби како закана во однос на нејзините деца, секој што е нормален, мора да го осуди, а само абнормалните можат да го премолчат, додава водителот.
Пред неколку дена, за време на емитувањето на реалното шоу, на Јаковлевиќ и се закануваше жена, која јавно ја прозва за нејзините деца.
„Се смееш за ножињата од мечето, да не му треба лекар? Само внимавај да не го предизвикаш Бога да те казни, па на твоите мечиња да не им затреба лекар“, се вели во пораката. извесна И.Е.
Сепак, неславниот рекорд за бројот на закани на социјалните мрежи го држи Јелена Петковиќ. Во ек на најголемата популарност на реалното шоу „Парови“, таа доби околу 700 заканувачки пораки во еден ден, кои ги пријавила во полиција. Тие напишале дека ќе ја запалат на клада, ќе ја обезглават со секира и дека ќе го пресечат телото на половина со пила. Претходно, тие и се заканија на нејзината малолетна ќерка со убиство, додека еден месец порано нејзиниот автомобил беше изгребан од шрафцигер на паркингот пред „Хепи“ телевизија.