Принцот Вилијам и Хари били изненадени кога им биле соопштени негативните вести.
Како што пишуваат британските медиуми, потполно неочекувано починал пријател на принцот Вилијам и Хари.
Војник кој служил во истата касарна како и принцевите починал од последица на коронавирус.
Станува збор за 36-годишниот Рајан Картрајт, кој работел како возач на камион, но многу се дружел и со двајцата принцеви за време на воениот рок.
Рајан прво ја извршувал својата воена служба во 2002 година, додека Хари и Вилијам му се придружувале во 2006 година во Авганистан.
Иако во моментот работел како возач, тој планирал да се врати во војската, што го потврдија неколку негови колеги војници. Бил во контакт со војската, а дури бил договорен да започне наскоро со работа таму.
„Постојано бевме во контакт. Дури се договориме повторно да се приклучиме кон војската, но се случи оваа несреќа“ вели еден пријател на Рајан.
Тој имаше сопруга и една ќерка.
Принцот Вилијам и Хари тешко ја примиле веста за смртта не нивниот пријател затоа што многу го почитувале.