Иако во актуелната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапија и се уште се дел од натпреварот доста претставници од Македонија, велешанката Мими Јовановска се издвои во фокусот.
Таа за многумина беше потенцијален финалист, но сепак во последната и најнова емисија од петтиот круг, Мими сепак не успеа да добие шест гласови од жирито, а со тоа пееше во бараж, каде пак не успеа да помине во следниот круг.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mimi-jovanovska-i-pokraj-site-pofalbi-od-zirito-ispadna-od-dzvezdite-na-grand-ti-izgledash-kako-holivudska-dzvezda/
Како што сега стојат нештата, Мими повеќе не е дел од „Ѕвездите на Гранд“, а по напуштањето на шоуто таа им се обрати на своите следбеници и обожаватели кои постојано и даваа поддршка, но и утеха по излегувањето.
View this post on Instagram
-Драги мои, ви благодарам од се срце за огромната поддрсшка после мојот вчерасшен настап на Ѕвездите на Гранд. Секој ваш коментар го слушнав, прочитав и многу ми значи. Ми значи успехот што го постигнав до денеска и тоа што вие несебично ме поддржувате. Ќе се потрудам и во иднина мојата енергија и песна да ја пренесам на сите вас! Ве сакам! – пишува Мими на својот Инстаграм.
Во голем дел од коментарите кои осамнаа на нејзиниот профил стои дека Мими е победникот на оваа сезона.
„Браво Мими, ти си мој фаворит“, „Ти си нашиот победник“, „Мими, непрабедно испадна“, гласат само мал дел од коментарите.
View this post on Instagram
Гранд продукција секогаш е непредвидлива во своите одлуки, така што нема да биде чудно доколку повторно ја повикаат Мими до крајот на шоуто.