Јавноста и публиката Слободан го запознаа во 2003 година, кога за прв пат се пријави на аудиција за „Ѕвездите на Гранд“. Како што изјави, отсекогаш се чувствувал како жена, но никогаш не ги оперирал гениталиите.
По таа аудиција тој исчезна од јавноста, но потоа го смени името и во 2010 година повторно се појави на истоимената аудиција под името Сања, односно прекарот „Барбика“.
„Решив да одам на пластична операција за да станам вистинска жена, да се омажам и да имам семејство“ – изјави тогаш Сања Катаниќ за локалните медиуми. Никогаш немал(а) поддршка од родителите. Како што вели, нејзината мајка не се жалела толку многу, додека со татко и одело многу потешко.
Според тамошните медиуми, Слободан, односно Сања, тврдела дека покрај машкиот полов орган има и матка, а од својата петнаесетта година има и редовен циклус. И покрај сето тоа го отслужила и воениот рок, каде најтешко и било заедничкото туширање, со оглед на тоа дека секогаш се чувствувала како девојка, па како што изјавила и било малку непријатно.
Сања денес живее во Чачак, а кафеавата коса ја обоила и сега е русокоса.
Фото: Инстаграм/srbija_showbizz/ facebook