Српскиот пејач Слоба Радановиќ откри дека во една прилика добил понуда да стане порно актер.
Пејачот истакна дека таквата понуда за него е неверојатна, но и дека морал да ја одбие.
Слоба објасни и дека неговата тогашна сопруга Кија Коцкар бурно реагирала заради понудата, но и дека човекот што го контактирал не можел да верува дека одбива голема сума пари.
“Добив понуди за разни работни места, но понудата да бидам таков актер беше неверојатна за мене. Бев на пат и запознав човек кој поседува позната мрежа на страници за возрасни. Не би сакал да го откривам неговото име. Само ќе кажам дека е познат во светот. Тој ме покани да му се придружам на стадото и да бидам актер во филмови за возрасни, но јас одбив. Не сакав да имам односи пред камера. Бев во шок и тој беше разочаран што не се согласував затоа што ми понуди голема сума. Ми даде „интересна“ визит-карта. Кија фрли сè исфрли! “, рече своевремено Слоба.