Пејачот и бивш ријалити учесник Слоба Радановиќ вчера поладне, околу 16 часот спасил маж кој се обидел да се самоубие со скокање од „Панчевачкиот мост“ во Белград.
Како што објави „Телеграф.рс“, драмата се случувала поладнето, додека пејачот со својот автомобил го поминувал мостот кога случајно забележал човек кој сакал да се фрли во реката.
„Радановиќ полека му пријде и го собори на земја. За среќа, сè брзо заврши“ – вели извор, кој бил очевидец на настанот. Инаку, пејачот Слоба Радановиќ во јули минатата година од теретана исфрли насилник кој брутално удри работничка. По тој повод за медиумите истакна дека неговиот потег не е херојски туку нормална човечка реакција, зашто никој не треба да биде слеп пред насилството.
Фото: Инстаграм принтскрин/slobaradanovic/serbialive_beograd/Damir Dervišagić