Радио Милева
веднаш се пофали

Слоба Радановиќ ја изненади бремената Јелена : Ѝ купи бесен автомобил, а сега и донесе уште еден скап подарок (фото)

Слоба Радановиќ ја изненади бремената Јелена : Ѝ купи бесен автомобил, а сега и донесе уште еден скап подарок (фото)

Пејачот Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена наскоро ќе станат родители и нетрпеливо чекаат нивниот син уште повеќе да го израдува нивното семејство, а имаа уште една добра причина за славење откако поубавата половина на пејачот го прослави нејзиниот роденден.

Пејачот се вратил од работен викенд во странство, а бремената Јелена го чекала со децата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Тој веднаш и подарил роденденски шампањ, а таа го отворила вистинскиот подарок дури кога стигнале дома а потоа веднаш се пофалила на социјалните мрежи, не криејќи колку е воодушевена.

„ Останав без зборови од изборот …“, напиша Јелена на Инстаграм каде го покажа скапото златно ланче кое го добила од Слоба, а заедно со кутијата во која беше спакувано добила и картичка на која меѓу другите работи, пишувало и  „Те сакам“.

„Среќен роденден, љубов моја. Ти благодарам што постоиш и што се е полесно со тебе“, напиша Слоба претходно на социјалните мрежи.

Инаку, како што открил извор близок до семејството, Слоба во последно време речиси секојдневно се обидувал да ја изненади Јелена, особено грижејќи се за неа поради нејзината моментална состојба.

Слоба и Јелена неодамна се вратија од Рим, каде што уживаа неколку дена сами, додека таа покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста. Ова ќе и биде трето дете, додека Слоба за прв пат ќе стане татко.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева