Радио Милева воодушевена

Слоба Радановиќ не штеди – за сопругата подготвил скапоцено парче со емотивна посвета (фото)

Слоба Радановиќ не  штеди  –  за сопругата подготвил скапоцено парче со емотивна посвета  (фото)

Сопругата на Слоба Радановиќ се пофали со  скапиот подарок што го добила од пејачот.

Слоба Радановиќ пред неколку дена стана татко, а радоста ја сподели со најблиските пријатели со кои дораните часови го славеше доаѓањето на синот Дамјан. Пејачот не крие колку е среќен што му се исполнила големата желба, а неговата сопруга открила дека тој дури и заплакал при средбата со своето прво дете. Јелена наскоро треба да излезе од породилиште, а на својот Инстаграм се пофали со скапиот подарок што го добила од Слоба.

Станува збор за часовник „Картие“ за кој Радановиќ потрошил дури 7.500 евра. Јелена сподели фотографија од породилиштето на која се гледа часовник на кој е врежано „Те сакам засекогаш“.

„Во ред, знам дека ова снимање е многу примитивно, но јас сум многу воодушевена“, напиша таа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

To top