За време на 13 годишниот брак, Брус Вилис и Деми Мур важеа за еден од најгламурозните парови во Холивуд, а по нивиниот развод тие останаа во добри односи.
Тие останаа во коректни односи најмногу поради нивните ќерки – Румер, Скаут и Талула.
Сите три во минатото имаа многу проблеми – алкохол, дрога, анксиозност – но пред две години ставија крај на пороците и како што велат денес се среќни и здрави.
Но, средната ќерка на Брус и Деми Мур во една прилика изјави дека за потополна среќа и фали само да престанат негативните коментари на социјалните мрежи.
Токму и такви коментари доби кога беа објавени папарацо фотографиите на кои се гледа дека Скаут во хуманитарни цели носи вреќи со облека.
„Не знам како Деми можеше да тоди толку грди ќерки. Навистина си грда, изгледаш како „чивава“. Грубо и негувано лице. Страшно“, е само еден од многбројните коментари.