За Денис Квејд (66), дури и пандемијата на коронавирус не можеше да ги спречи плановите и да се ожени по четврти пат.
Актерот се ожени со манекенката Лара Саво (27) на почетокот на јуни, која е четири децении помлада од него.
Свадбата на Дени и Лара беше интимна, покрај младенците, присуствуваа само неговото семејство и пријатели.
Извор близок на парот изјави за магазинот „People“ дека Лара и Дени планирале голема свадба на Хаваи. Сепак, тие беа спречени да го сторат тоа од пандемијата ,па свадбата се организираше спонтано во Санта Барбара.
За потсртување, актерот зад себе има три брака. Тој за прв пат се ожени во 1978 година со актерката ПJ Соулс, со која бил во брак пет години. И втор пат тој „застана на лудиот камен“ со актерката, овој пат малку подобро познатата Мег Рајан. Бракот со вездата на филмовите „Француски бакнеж“ и „Кога Хари го запозна Сали“ траеше двојно повеќе од првиот, десет години.
Актерот не стана татко се до 2004 година, кога се ожени со со Кимберли Буфингтон и ги доби близнаците Зое и Томас, кои денес имаат 12 години.