Третата бременост 45 годишната пејачка Аланис Морисет ја криеше од јавноста се досега, кога веќе трудничкиот стомак е невозможно да се сокрие.
Со црно-бела фотографија на Инстаграм на која пее, таа го покажа стомачето и со тоа откри дека семејството наскоро ќе добие уште еден член.
Инаку, Аланис Морисет со сопругот Марио Соулеј Тредвај, за кого се омажи во 2010 година, го има синот Евер Имер, кој е роден на Божиќ 2010 година, потоа ќерката Оних, која ја роди во 2016 година.
Колку мајчинството ја исполнува, никогаш не сокриваше, а многумина дури јавно ја прозваа поради тоа што во тоа време се уште го доеше тригодишниот син.
Освен како голем поборник за доењето, Аланис проговори и за тешката постпородилна депресија низ која минувала по раѓањето на двете деца.