Радио Милева збогување

Славната манекенка скршена од болка по смртта на мајка си: „Ќе се сретнеме во сништата, те сакам!“ (фото)

Славната манекенка скршена од болка по смртта на мајка си: „Ќе се сретнеме во сништата, те сакам!“ (фото)

Познатата манекенка Жизел Бундхен со објава на Инстаграм се прости од својата мајка, која почина пред неколку дена на 75-годишна возраст, по битка со ракот.

Модната ѕвезда испрати трогателни зборови со серија заеднички фотографии. Таа доби голем број пораки за поддршка, меѓу кои и порака од нејзината колешка и пријателка Линда Евангелиста.

– Возљубена мајко, ме боли што знам дека веќе нема да можам да те гушнам, но знам дека секогаш ќе чуваш над нас. Ти беше ангел на земјата, секогаш им помагаше на сите околу тебе. Многу сум благодарна што сум твоја ќерка и што научив од тебе. Ти благодарам што беше најдобар пример за љубов, сила, сочувство, храброст и благодат – напиша таа и продолжи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

– Засекогаш ќе ги негувам убавите спомени што ги споделивме и ќе живеам во согласност со вредностите што ме научивте. Ќе живеете вечно низ многуте животи што сте ги допреле. Ти благодарам што ми подари пет најдобри пријатели за живот. Твојата љубов секогаш ќе не води. Ќе се сретнеме во нашите соништа. Те сакам – напиша манекенката и со своите зборови трогна многумина.

Мајката на познатата манекенка Жизел Бундхен, Ванија Ноненмахер била лекувана во болницата Моињос де Венто во Порто Алегре, Бразил, а откако и се влошила состојбата, губејќи ја битката со ракот, таа починала, пишува The Sun. Оваа вест прв ја објави бразилскиот весник GZH. Мајката на манекенката била пензионирана банкарка во Бразил. Таа имаше бразилско државјанство и по потекло беше од Германија. Имаше шест ќерки со универзитетски професор.

фото:Instagram printscreen/ gisele

To top