На шеесетгодишна возраст, Изабела Роселини мислеше дека нејзината актерска кариера е завршена.
Минатата година наполни 70 години, но нејзиниот животен ритам е позафатен од било кога. Освен што е пред и зад камерата, познатата актерка веќе 10 години одгледува кокошки на својата фарма. Во моментов ги има 1.500.
А се започнало кога таа имала идеја да напише книга „Моите кокошки и јас“ за животот со кокошките, во која има фотографии од овие животни. Тогаш преку eBay ги нарачала првите нејзините пердувести пријатели, кои пристигнале во кутија.
View this post on Instagram
-Кокошките имаат репутација на глупави, но не се. Ме препознаваат и кога ќе дојдам дома, трчаат кон мене, како кучето кога ќе притрча кај својот сопственик, вели Изабела, која 40 години ја поседува својата фарма од 28 хектари во Белпорт.
Роселини ја опремила куќата со антиквитети што ги нашла, вклучувајќи античка лимена када, завеси од кашмир и рамка за кревет од ковано железо, која порано била портата на црквата.
Роселини ги третира своите кокошки како домашни миленици.
-Некои се срамежливи, други се екстровертни, а некои се многу храбри. Тие се посебни и создаваат пријателства, како мало племе, рече таа.
View this post on Instagram
Пред неколку години, едната кокошка ја нарекла Енди Ворхол. Другата била бестрашна, па ја нарекла Амелија Ерхарт. Иако не дозволува кокошките да трчаат низ куќата, Амелија си го нашла патот.
-Амелија ме следи. Еден ден, мојата влезна врата беше отворена и се прашував кој ја отвори. И знаете што? Ветерот ги отвори, а таму стоеше моето пиле. Не ги пуштам дома, но таа влегува, таа е единствената што го прави тоа, открива актерката.
фото: Instagram/ Supplied by LMK / Landmark / Profimedia