Радио Милева
блеска од среќа

Славица Ќуктераш објави фотографија со новото момче: Пејачката не крие дека е „лудо“ заљубена (фото)

Славица Ќуктераш објави фотографија со новото момче: Пејачката не крие дека е „лудо“ заљубена (фото)

Пејачката Славица Ќуктераш откако и официјално потврди дека е во врска, објави фотографија со својот избраник Владимир Аќиќ.

 Славица Ќво претходните денови по низата вести за конфликтот со бившиот сопруг е во центарот на вниманието поради врската со новосадскиот диџеј Владимир Ачиќ. Таа и Владимир првенствено биле пријатели, но со текот на времето нивното пријателство прераснало во љубов.

Таа претходно во текот на денот потврди дека е среќна и заљубена, нагласувајќи дека не сака да зборува за приватниот живот. И покрај тоа, поранешната „Гранд ѕвезда“ сега за прв пат на својот Инстаграм профил сподели фотографија со својата поубава половина.

Имено, на објавената фотографија се гледа новозаљубениот пар од зад грб, гушнати и потпрени на базенот.

Да потсетиме, Ќуктераш се најде во центарот на вниманието последните недели кога во полиција го пријавила поранешниот сопруг Влада Аврамов дека и се заканувал дека ќе и го одземе детето. Од друга страна, Аќиќ и стана познат на домашната јавност кога за прв пат се појави на Егзит во 2003 година.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева