Пејачката Славица Ќуктераш веќе некое време ужива во љубовта со диџејот Владимир Аќиќ од кого е речиси неразделна, а откако ја обелодени врската, забележливо е дека блеска.
Владимир и Славица се редовни на градските настани, а таа сега објави фотографија на која заљубениот пар постојано се смешка.
Атрактивното дуо се сликаше во огледало, додека Славица пленеше во златен фустан, а Владимир во опуштен стил.
Инаку, поранешната учесничка на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ неодамна истакна колку е заљубена.
– Да, во денешно време е тешко да се најде маж… Но, тоа не е невозможно! Ако сакаш да го најдеш вистинскиот маж, како јас… Санела, ти благодарам! – рече Славица, обраќајќи и се на пријателката која очигледно ја запознала со Владимир.
Да потсетиме, Славица има брак со поранешниот фудбалер Владимир Аврамов, со кој ја има ќерката Викторија.
Фото: Принтскрин/Инстаграм