Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ се потруди на снаата Богдана да и приреди роденденска прослава во домот каде таа живее заедно со својот сакан, синот на Цеца, Вељко.
Имено, во вилата на Дедиње се беше организирано во чест на роденденот на снаата. Торта со свеќи, блано, конфети…а роденденската песна се слуша во позадина.
Насмеаната снаа била пресреќна, а интересно е тоа што уште пред да го изговори судбоносното „да“, таа го промени своето моминско презиме во Ражнатовиќ.
-Роденденот на нашата Богдана, напиша Цеца во описот на видео-снимката која ја објави на Инстаграм, а може да се забележи дека Богдана и е влезена „под кожа“, па изненадувањето го гордост го организирала.
Инаку, роденденската забава не заврши тука, а младите ражнатовиќ заедно со пријателите продолжија да слават во еден локал.