Славеничкиот концерт на „Електрични оргазам” ќе се реализира на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот “Скопје Гори“ на кој ќе настапат легендарните “Placebo“.
“Електрични Оргазам“ ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.
Сите оние што веќе имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни.