Радио Милева

Славеа на големо: Аделина Тахири направи забава за добредојде на бебето по светки терк (фото)

Славеа на големо: Аделина Тахири направи забава за добредојде на бебето по светки терк (фото)

Кај нас кога ќе се роди бебе, обично се слави во ресторан со мекици заедно со најблиските, а пак во светот традиција е да се направи забава за добредојде на бебето кое се уште не е родено.

Албанската пејачка Аделина Тахири брои ситно до породувањето, а се одлучи да направи мега забава на отворено за бебенцето, каде беа присутни многу гости, меѓу кои и водителките Елена Стефановска и Марјана Станојковска, кои објавија снимки на социјалните мрежи.

На „бејби шаур“ забавата имаше дрес код од кој сите беа облечени во бело, а пак за забавата беше задолжен Жаре Бербер.

Инаку, Аделина го чека своето прво машко дете кое ќе го добие името Џон.

фото:инстаграм/фб
To top