Радио Милева клучот за успехот лежи во редоследот

Слатките за неа се болна тема: Наташа Беквалац откри како успеа да ја доведе линијата до совршенство (фото)

Слатките за неа се болна тема: Наташа Беквалац откри како успеа да ја доведе линијата до совршенство (фото)

Наташа Беквалац ја носи титулата една од најубавите жени на овие простории. А кога се грижи за својот изглед, пејачката понекогаш може да се опушти и да накачи некој килограм вишок.

Сега откри како ослабела дури 10 килограми:

– Исфрлив пецива, компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки и сокови. Овошје јадев само еднаш во недела. Така успеав за кратко време да ги изгубам вишокот килограми – вели Наташа.

Таа тврди дека не морала да се откаже од многу работи.

-Ми беше дозволено да јадам секакво месо, но не смеев да јадам премногу маснотии. Јадев дури и јајца на секакви начини, млечни производи, но не претерав со сирење и фета сирење. Конзумирав свеж зеленчук во неограничени количини. Најмногу јадев зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид и домати, како и јаткасти плодови. Пиев по два и пол литри вода дневно – изјавила Наташа која вели дека клучот за успехот лежи во редоследот по кој се користат овие намирници.

Првите шест дена од неделата јадев се, од салата до месо, а седмиот ден појадок и ручек јадев храна од „забранетата листа“ како тестенини, компири и ориз. Воопшто нема слатки. А ако сакам десерт, би земала една лажица мед или интегрален бисквит. После седмиот ден се од почеток и така до посакуваните резултати – вели пејачката.

Покрај правилната исхрана, составен дел од животот на Наташа се и тренинзите, поради што телото го доведе до совршенство.

– Вежбам пет пати неделно по 45 минути. Денот ми започнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Потоа ги носам во училиште и градинка, па одам на тренинг. Кога физичката активност ќе стане дел од вашиот ден, веќе нема да ви биде тешко и омраза да вежбате. Не сум од оние на кои им се допаѓа, но кога ќе видам што ми носи вежбањето, не само физички, туку и психички, и не размислувам да прескокнам тренинзи – искрена е пејачката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top