Промотер

Слаѓана Столеска со спот за печалбарската песна – „Пуста да е мајко туѓината“ (ВИДЕО)

Слаѓана Столеска со спот за печалбарската песна – „Пуста да е мајко туѓината“ (ВИДЕО)

Слаѓана Столеска деновиве го промовираше спотот за нејзината најнова песна со наслов Пуста да е мајко туѓината“ . Иако станува збор за песна со печалбарска тематика, таа овојпат одлучи да направи помодерен спот за кој снимањето се одвиваше на атрактивни локации низ Охрид, а во него се користени кадри и од окенскиот брег на далечната Австралија.

Текстот и музиката за оваа песна се дело на Тони Иваноски некогашниот член на од групата „Биоритам“, а аранжманот е на Славко Ристески од студиото „Просаунд“ од Прилеп.

„Поминавме одличен ден со екипата на ИН Продукција, снимавме на убави локации во Охрид и искрено се надевам дека гледачите и целокупната јавност, покрај песната, ќе уживаат и во прекрасното видео. Песната ја работеа вистински професионалци, а со оглед на тоа што е печалбарска, очекувам во неа да се пронајдат нашите Македонци кои живеат надвор од родната земјапорача пејачката.

Во продолжение погледнете го видеото за „Пуста да е мајко туѓината“:

To top