Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески откако победи во музичкото шоу постојано живее на релација Охрид – Белград.
Имено, по победата тој одлучи да ја промени својата адреса на живеење, поточно да живее во Србија за да се посвети на својата музичка кариера.
Ристе истакна дека на почетокот му било тешко да се навикне да живее во Белград бидејќи пораснал во помал крај во друштво на неговото семејство и пријатели.
Македонскиот пејач за екипата на блиц.рс ги отвори вратите на својот дом и го покажа изнајмениот стан во кој живее.
„Овде сум сместен кога сум во Белград. На почетокот ми беше тешко да се одлучам да дојдам овде бидејќи пораснав во мал град каде ми се пријателите и семејството, па се навикнав да бидам со нив. Меѓутоа, кога се одлучив на тој чекор да заминам од Охрид во Белград, тоа беше голема промена за мене. Но, сега се навикнав“ изјави Ристе.
Ристески вели дека победата во музичкото шоу придонела да има многу повеќе настапи.
„Голема благодарност до „Гранд продукција“. Без нив не би бил овде. Публиката ме подржуваше во текот на музичкиот натпревар. Ми дадоа мотивација за да дојдам до самиот крај, но и да победам“ вели пејачот.
Во станот на Ристе нема многу детали.
„Не можам да кажам дека живеам во Белград бидејќи ретко се случува да останам по еден месец. Такви ми се обврските, па често патувам“ објаснува Ристе за блиц.рс
Пејачот на фрижидерот од својот стан има магнети од сите патувања.
„Важно ми е да убава кујната, но ја користам само да направам кафе. Обожавам кафе. Жал ми е што убавата кујна е неискористена. Искрено, немам многу време да готвам. Кога одам дома кај мајка ми, тогаш уживам во домашни јадења, а сега се хранам надвор. Имам неколку пријателки кои држат ресторани, па јас јадам храна од домашна кујна“ вели победникот на „Ѕвездите на Гранд“ и објаснува дека води грижа за својот изглед.
„Многу тренирам. Отсекогаш сакав да бидам згоден, но некако не успеав да се организирам. Меѓутоа, во последните две години тренирам и внимавам што јадам“ вели Ристе за „блиц.рс“.
Македонецот откри дека на социјалните мрежи добива и разни пораки.
„Додека траеше натпреварот добивав разни пораки, понуди, фотографии, но и коментари. Се навикнав да не обратувам внимание на тоа. Кога пораките се убави, тогаш одговарам. Се трудам да бидам културен“ изјави Ристе.
Најголемиот дел од времето го поминува во дневниот простор, а посебно му се допаѓа тоа што на екранот има голем телевизор.
„Читам книги, гледам филмови. Отсекогаш сакав ваков ТВ. Се чувствувам убаво во овој стан.Многу ми се допаѓа“ вели Ристески.
За потсетување, Ристе во 2017 година победи во „Ѕвездите на Гранд“, а засега тој е единствен Македонец кој победи во музичкото шоу.