За време на снимањето на новата епизода од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ настанала многу интересна и несекојдневна ситуација помеѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.
Имено, на паузата, додека тие беа зад камерите, поточно во бекстејџот, Босанец срдечно се поздрави од Цеца, а во еден момент почна да ја бакнува по рамениците, да ја мириса, триејќи ги своите мутаќи од неа. После тоа заедно двајцата се упатија кон студиото каде цело време се смееле и разговарале.
View this post on Instagram
Многумина беа изненадени од нивната речиси интимна близина, бидејќи Босанац и Ражнатовиќ често во шоуто влегуваат во конфликти, кавги и судири, а своевремено имаше и сериозни провокации во кои беше вмешана и ќерката на Босанац, Александра Џиџа Стојковиќ.
Да потсетиме, пејачката еднаш револтирана го праша Босанецот: „Па кога си толку добар продуцент што не си ја направил ќерка ти ѕвезда?“
Ќерка ми немаше соодветен спонзор и моментално завршува факултет“, изјави Босанац, по што Цеца крена два прста и рече „Двојка си“!
Фотои видео: Инстаграм /принтскрин/srbija_showbizz