Радио Милева Нема лутиш

„Скраја било“: Димитар Атанасовски со реакција на критиката од Сергеј Варошлија по танчарската изведба со Марјана на „Макфест 2023“ (фото)

„Скраја било“: Димитар Атанасовски со реакција на критиката од Сергеј Варошлија по танчарската изведба со Марјана на „Макфест 2023“ (фото)

На 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“ водители беа добро познатите за македонската јавност Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски. Тие пред публиката својата макфестовска  фестивалска вечер ја започнаа со хип-хоп танц…. Како некогаш… Во „Танцот на ѕвездите“.

Арно ама,  со тоа го потикнаа „модниот ТВ гуру“ Сергеј Варошлија да ја коментира нивната изведба… И тоа со негативен коментар.

Па така на кратките Инстаграм приказни, Димитар  ја сподели критиката на  Варошлија кој за изведбата на танцот на Димитар и Марјана им напиша:

„ЈК и Терор Теса во обид, хахаха“  – тагнувајќи ги двајцата макфестовски водители.

Потоа следуваше уште еден коментар со кој го кажа неговото мислење:

„Не,тие несвесно вака се замислиле … ама им испадна во реализација поинаку“ – не додржал да не се дообјасни Сергеј.

На ова не остана имун ниту Димитар Атанасовски, кој веднаш му возврати, одговарајќи му со негов контра коментар, со кој се огради дека таа констатација баш и „не држи вода“.

-„Скраја било да сме се замислиле како оваа пластичнава“  – беше неговата реакција со која потврди дека се оградува од сличноста, па макр и случајна со Карлеуша.

По ова Варошлија на кратките приказни на Инстаграм кажа дека ова сепак е критика, а не хејт  и потврди дека и со Димитар и со Марјана се во добри односи , па никого не  налути со оваа негова реакција.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Димитар А./С.Варошлија

To top