Радио Милева
бурен љубовен живот

„Скоро се допишував и флертував, но го блокирав“: Наташа Беквалац објасни зошто ја прекинала комуникацијата со додворувачот (фото) 

„Скоро се допишував и флертував, но го блокирав“: Наташа Беквалац објасни зошто ја прекинала комуникацијата со додворувачот (фото) 

Една од најубавите жени на српската јавна сцена, Наташа Беквалац, отсекогаш привлекувала внимание. Покрај бројните хитови, јавноста отсекогаш била заинтересирана за нејзиниот љубовен живот.

Овој пат на прашањето за љубовниот живот Наташа одговорила дека за малку ќе имала некој што ѝ се допаѓа, но за жал таа личност не била пристојна.

– Се допишував со некого преку Инстаграм, малку флертувавме, но го блокирав. Не ме навреди, туку ми зборуваше неучтиво – рекла Наташа, а потоа додала:

– Се уште нема некој кој ќе ми го привлече вниманието и навистина не размислувам за тоа. Емотивно сум исполнета, но јас сум слободна жена – изјави пејачката за „Гранд“.

Таа го коментираше и нејзиниот однос со луѓето од публиката.

– Се случуваше некој од публиката да ми се допадне, има многу убави мажи, но никогаш не би флертувала – објаснила Наташа.

фото: printskrin/instgaram/bekvalceva

Останати вести од Радио Милева