Промотер

Скопскиот бенд „Фикшн“ ја промовира новата песна и „Некој друг“ (Lyric video)

Скопскиот бенд „Фикшн“ ја промовира новата песна и „Некој друг“ (Lyric video)

Откако минатата 207 година ја претставија првата песна насловена „После дождот“, бендот „Фикшн“ ја објави својата нова тема „Некој друг“. Тие преку социјалните мрежи го претставија новитетот и напишаа:

-Другарки и другари, со огромно задоволство ви ја претставуваме нашата нова песна “Некој Друг” на која работевме изминатиов период.

Инаку, автор на музиката и текстот е гитаристот на ова трио, Виктор Захариев, а аранжманот е заеднички со колегите Петар Ѓуревски (вокал) и Филип Андонов (гитара), додека аудио продукцијата е на Љупчо Павловски (студио Анастасија). Сето тоа го дополнија гостите Симеон Ангеловски на бас-гитара и Дарко Цакиќ на тапани, а го визуализираше Калин Бибан со моделот Елена Ристовска.

 

To top